Прими три куршуми за неа: Херојот кој ја спаси девојката сега се венчаше со неа

Сејфедин Резгуи, припадник на Исламската држава кој во јуни 2015 година во Тунис уби 38 лица, три пати пукаше и во Метју Џејмс, 32-годишен британец кој легнал врз својата вереничка за да и го спаси животот.
Иако тешко повреден, со обилно крварење, лекарите сепак успеаја да му го спасат животот.
Пред него беше долг и макотрпен пат до опоравување, но успеа, а приказната за младата двојка пред неколку дена доба и среќен епилог. Имено, Метју Џејмс и неговата вереничка Сара Вилсон (28) пред олтарот го кажаа судбоносното да и така ја крунисаа долгогодишната врска од која веќе имаат две деца.

"Ова е ново поглавје. Сите велат дека на денот на венчавката се венчаваш со најдобриот пријател. Но јас се омажив и за својот херој“, рече Сара по венчавката.
Иако нивната приказна е среќна, со последиците од нападот се борат секој ден.
Освен што Метју секојдневно трпи силни болки поради куршумите кои му го повредија градите, рамото, стомакот и ногата, и двајцата сопружници страдаат од ПТСП.
По нападот во Тунис за се секогаш говорам дека сум најсреќниот човек на светот. Животот е голема борба и трпам големи болки, рече Метју.
Сето тоа барем за кратко исчезна во моментот кога неговата вереничка тргна кон олтарот.
"Кога ја видов, очите ми се наполнија со солзи, но не можев да го тргнам погледот од неа“, заклучи тој.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
