-->
-->
Примера: Реми на Барселона со Сосиедад
-->

Без победник со резултат 1:1 заврши претпоследниот натпревар од 13.рунда во Примера одигран синоќа меѓу домаќинот Реал Сосиедад и шампионот Барселона.
За Каталонците ова е второ реми во серија по што го губат чекорот со лидерот Реал Мадрид.
Сосиедад поведе во 53.минута со голот на Вилијан Хозе, бод на Барселона и донесе Лионел Меси со погодокот во 59.минута.
На другите одиграни натпревари од 13.коло беа постигнати следниве резултати:
Еспањол – Леганес 3:0,
Реал Мадрид – Хихон 2:1,
Севиља – Валенсија 2:1,
Малага – Депортиво 4:3,
Еибар – Бетис 3:1,
Виљареал – Алавес 0:2,
Осасуна – Атлетико Мадрид 0:3 и
Селта – Гранада 3:1.
Последниот натпревар меѓу Лас Палмас и Атлетик Билбао се игра вечер со почеток во 20 часот и 45 минути.
Табела: Реал Мадрид 33 бодови, Барселона 27, Севиља 27, Атлетико Мадрид 24, Сосиедад 23,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
