-->
-->
Примера: По бод за Барса и АМ
-->

Без победник и со иднетичен резулатат завршија двете дерби средби кои се одиграа во рамките на петтото коло во Пример. Реал одигра 1-1 со Виљареал, а бод освои и Атлетико во Барселона.
Барселона и Атлетико одигра на сигурно, никој не рескираше премногу што покаѓува и конечниот резултат 1-1. Иако Барселона упати 19 удари кон голот на Облак имаше само една чиста шанса, во финишот на мечот преку Пике.
Каталонците го отворија резултатот на истекот на првиот дел преку Ракитќ, кој со удар со глава ја погоди мрежата на Атлетико.
Израмани Анхел Кореа во 61.минута, откако ја искористи асистенцијата на Торес и лошата реакција на Маскерано. Инаку Кореа нецела минута пред постигнувањето на голот влезе во игра.
Барселона последните 30 минути ги одигра без Меси кој поради повреда ја напушти играта.
Реал не успеа да слави против Виљареал, иако во второто полувреме доминираше на теренот: Мората, Бејл, Роналдо и Бенема не реализираа чисти шанси.
Виљареал постигна гол во 45.минута, кога Бруно Соријано од пенал го совлада Касиља. На пеналот му претходеше играње со рака во сопсвениот шеснаесетник на Серхио Рамос.
Токму Рамос го израмни резултатот по три минути игра во второто полувреме.
Од нерешените резултатит во Мадрид и Бареселона, покрај Реал профитираше и Севилја која сега се наоѓа на втората позиција со 11 бодови, два помалку од Реал. Барселона е на третото место со десет, а Атлетико има бод помалку на четвртата позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
