-->
-->
Примера: Барселона остана лидер
-->
На првиот натпревар од 23.коло одигран денеска Барселона како гостин го победи Леванте со 2:0. „Каталонците“ поведоа со автоголот на Давид Наваро во 21.минута, а конечните 2:0 ги постави Луис Суарез во 90+2 минута. Екипата на Валенсија ја продолжи серијата лоши резултати во Примера и на последните десет натпревари нема победа, а попладнево го доживеа четвртиот пораз. Валенсија загуби на гостувањето кај Бетис со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Рубен Кастро во 49.минута.
Од оваа рунда вечерва се играат дуелите: Селта – Севиља (почеток 18:15 часот) и Гранада – Реал Мадрид (почеток 20:30 часот).
Утре играат Еспањол и Реал Сосиедад.
На претходно одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Хихон – Депортиво 1:1, Атлетик Билбао – Виљареал 0:0, Рајо Ваљекано – Лас Палмас 2:0, Атлетико Мадрид – Еибар 3:1 и Малага – Хетафе 3:0.
Табела: Барселона 54 бодови, Атлетико Мадрид 51, Реал Мадрид 47, Виљареал 45, Севиља 36, Атлетик Билбао 35, Селта 34, Еибар 33,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола