-->
-->
Примера: Барселона ја одбрани титулата
-->

Екипата на Барселона ја одбрани шампионската титула, откако оствари победа на гостувањето кај Гранада. Јунак во триумфот на каталонскиот клуб беше Луис Суарез кој ги постигна трите гола.
И најголемиот конкурент и лут ривал на Барселона, тимот на Реал Мадрид со победа ја заврши сезоната, но остана покус за еден бод и остана без трофејот во Примера.
За Барселона ова беше вкупно 24 шампионски трофеј и шести во последните осум сезони во Шпанското фудбалско првенство.
На првиот дуел од оваа рунда вчера Реал Сосиедад ја совлада Валенсија на гостински терен со 1:0.
Вечерва уште играат:
Атлетик Билбао – Севиља и
Атлетико Мадрид – Селта Виго.
Сезоната 2015/16 од најквалитетното шпанско фудбалско првенство ќе биде затворена утре со средбите:
Малага – Лас Палмас,
Еспањол – Еибар,
Спортинг Хихон – Виљареал,
Бетис – Хетафе и
Рајо Ваљекано – Леванте.
Табела: Барселона 91 бод, Реал Мадрид 90, Атлетико Мадрид 85, Виљареал 64, Селта Виго 60, Атлетик Билбао 59,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
