-->
-->
Примера: Атлетико ја совлада Валенсија
-->

Екипата на Атлетико Мадрид постигна победа од 3:1 на гостувањето на Местаља кај Валенсија на синоќа одиграниот натпревар од 28.коло на Примера. Со триумфот Атлетико остана на – 8 бодови зад лидерот Барселона.
Гостите поведоа со голот на Антоан Гризман во 24.минута, а четири минути подоцна изедначи Денис Черишев. Фернандо Торес во 72.минута зголеми на 2:1, а конечниот резултат го постави Јаник Фереира Караско во 85.минута.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати:
Хихон – Атлетик Билбао 0:2,
Реал Сосиедад – Леванте 1:1,
Еибар – Барселона 0:4,
Бетис – Гранада 2:0,
Депортиво – Малага 3:3,
Хетафе – Севиља 1:1,
Виљареал – Лас Палмас 0:1 и
Реал Мадрид – Селта 7:1.
Вечерва се игра дуелот Еспањол – Рајо Ваљекано.
Табела: Барселона 72 бода, Атлетико Мадрид 64, Реал Мадрид 60, Виљареал 53, Севиља 45, Атлетик Билбао 44, Селта 42,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
