-->
-->
Прилепските студенти ќе се вклучат во граѓанскиот парламент и во Економско-социјалниот совет
-->

Прилепските студенти ќе учествуваат во Граѓанскиот парламент и во Економско-социјалниот совет, а квалитетните студенти кои имаат финансиски проблеми ќе бидат поддржани од локалната самоуправа и од градоначалникот.
Тоа беше договорено на денешната средба на студентите од Прилеп од организацијата AIESEC, кои студираат на Економскиот факултет во Прилеп и на универзитетите во Македонија, со градоначалникот Илија Јованоски, која тој ја иницираше по повод меѓународниот ден на студентот.
Според Јованоски, студентите се иднината на Прилеп и на државата. Рече дека ги слушнал нивните барања и се надева, рече, дека комуникација и дружењето ќе продолжат.
- Ја имаат мојата несебична помош на сите нивоа за нивните иницијативи и на овие нивоа со нивно вклучување во активностите со Граѓанскиот парламент и Економско-социјалниот совет ќе може да се потврди тоа што велиме дека се нашата иднина, рече Јованоски.
Студентот на Правниот факултет во Битола Димитар Врглески рече дека имаат повеќе активности и проекти и наидоа на разбирање кај градоначалникот Јованоски за помош, особено во логистичката поддршка и можноста за практицирање на наученото.
- AIESEC е организација која работи на повеќе проекти за вклучување на младите во општествениот живот, за зајакнување на нивните меки вештини, а општината би ни помогнала со обучувачи, со логистичка поддршка како и практичната работа која на студентите им е повеќе од потребна. На средбата таа беше посебно нагласена, како и услови за студентите кои се определуваат во уметничките дејности. Јас како студент на Павниот факултет во Битола немам практика и затоа ми е посебно битно тоа, рече Врглески.
Ивана Сурлаџиоска, студент на Економскиот факултет во Прилеп, рече дека имаат практика во фирми, но тоа не е доволно.
- Имаме практична настава која треба да ја реализираме во траење од еден месец, најчесто тоа е во фирмите, но како студенти се соочуваме со проблемот колку ефектно се извршува таа практика, колку ни се дава можноста да покажеме што сме научиле и што умееме. Затоа прашање е колку ние студентите сме научиле од практиката што може да ни помогне при идното вработување. Затоа, вклучувањето во повеќе сегменти од општественото живеење во градот и помошта на градоначалникот во идна соработка е многу значајна за нас, истакна Сурлаџиоска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина