Прилепчани со големи традции за Бадник

Прилеп со големи традиции за Коледе и за Бадник во поресрет на големиот христијански празник, Христовото раѓање, Божик. Изутрината тргнаа коледарчињата да затропаат на секоја куќа со песната „Коледица варварица и по неа Василица…“. Беа почестени со сѐ што имаа домаќините: костенчиња, оревчиња, бонбони, смокви, јаболка, пари и со друго овошје и со желби за здравје и долг живот.
Прилепското здружение на жени „Преродба“ веќе 14 години ги одржува адетите и традициите за големите празници и ги претставуваат традициите за Бадник во Прилеп.
Мита Петкоска од здружението „Преродба“ ја нагласува изреката „Каде и да се оди, за Бадник дома да се биде“.
-На Бадник, пред Божик, целото семејство е дома, заедно. Бадниковата трпеза изобилува со сѐ што е посно: мора да има грав, посна сарма, мосен мазник во кој, во некои краишта се бара среќната паричка,во Прилеп е само мазник, а паричката се бара за Василица или Стара Нова Година. Бадниковата трпеза треба да има и многу зрнеста храна и овошје: ореви, костени, збогатена со овошје и сѐ што куќата има. За здравје, бериќет, зашто се навестува Новата Година која треба да е плодна и бериќетна. Според адетите трпезата не се раскрева, зашто Дедо Боже и ангелите се симнуваат, а за Христовото раѓање – Божик, мора да остане нераскрената трпезата. Таков е адетот, објаснува Петкоска.
Лилјана Ѓоршиоска, претседателка на Здружението нагласува дека оваа традиција на приготвувањето на Бадниковата трпеза се одржува веќе 14 години, откако е формирано здружението „Преродба“ . Целта е да се одржуваат традиционалните вредности и обичаи.
-Нашата заложба е зачувување на традицијата и пренесувањето на традиционалните заложби на помладите генерации. Сакаме традициите да се зачуваат и да се пренесуваат. Сме ги добиле од нашите баби и мајки и сакаме нашите внуци да ја негуваат традицијата на обичаите, вели Ѓорѓиеска.
Писана Ангелеска од Здружението ги дообјаснува обичаите.
-Со текот на времето, здружението брои веќе 80 членки. Го одбележуваме Бадник, а потоа е Христовото раѓање. Ако се роди девојче, значи дека годината е бериќетна, животот да има среќа, радост и да не се откажуваме од традицијата. И уште еднаш се потврдува дека, каде и да си, за Божик, пред Божик, дома да си, со фамилијата. Тоа е и нашето мото – да се одржуваат традициите, вели Ангелеска.
Во секој случај, причлепчани се верни на традициите, па за Бадник, покрај посната трпеза ќе ги упатат желбите за среќна и бериќетна година. И за среќен Божик.
Ново на Сител
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
