Македонија
7. August 2017 - 14:10

Прилепчанец пронајден мртов во бунар за вода

На место викано Орушица во Прилеп вчера околу 14 часот во стар бунар за вода бил пронајден починат З.М. (52) од Прилеп. Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.

Причина за смртта било задушување од издувните гасови од моторот за вода. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.