-->
-->
Прилеп ќе добие нов црковен храм „Света Петка“
-->
Во Прилеп во сабота официјално ќе биде осветена и отворена за сите обреди новоизградената црква „Света Петка“ во населбата Точила, соопшти денеска на прес-конференција Иницијативниот одбор за изградба на црквата.
Според отец Влагоја Станкоски, од прилепското намесништво и член на Иницијативниот одбор, чинот на осветувањето на црквата што со години се градеше ќе го изврши поглаварот на МПЦ, Архиепископот охридски и македонски, архиепископот Стефан.
- Чинот е голем и значаен зашто по 100 години се гради и се осветува ваков црковен храм во Прилеп. Црквата „Света Петка“ се градеше со години од донации од стопанството, граѓани, од верниците и од институции. Со осветувањето ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во сослужение со архиереите од Светиот синод, изјави отец Станкоски.
Тој објасни дека утринската богослужба со божествена архиерејска литургија и осветувањето ќе почнат од 7 часот изутрината во сабота на 24. октомври.
- Вечерта на 23. октомври како дел од свеченостите во црквата „Света Петка“, од 17 часот ќе има вечерна богослужба, а потоа и духовна академија за тоа како се градеше Црквата, вели отец Станкоски.
Бранко Нешкоски, раководител на одделот за урбанистичко планирање при прилепската локална самоуправа појасни дека со донации сите овие години црквата постепено се градеше и се обликуваше и целиот зафат чини над 400 000 евра.
- Градењето на „Света Петка“ е посебен пример на совршена градба и на штедливост за ваков вид објект. Се градеше осум години и по точно 100 години од градењето на последниот свет храм во Прилеп и затоа е и историски чин за градот.Упатуваме голема благодарност до сите субјекти, до граѓаните кои несебично даруваа за изградбата на овој свет храм. Изградбата опфаќа црква, како средишен објект и е целосно завршен, камбанаријата е 80 насто завршена, догодина ќе се доуреди просторот околу црквата како и административниот дел, рече Нешкоски.
Според отец Станкоски, дел од внатрешноста на црквата е фрескоживописан. Досега се фрескоживописани олтарскиот дел и двете кубиња. - Иконостасот и олтарскиот дел се од мермер. Инаку, црквата е градена во византиско црковен стил, изјави отец Станкоски.
Од Иницијативниот одбор за изградба на црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила упатија покана до сите верници и граѓани да присуствуваат на свечениот чин на осветување на црквата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени