Прилеп го одбележа 8 Септември, Денот на независноста
По повод 8 Септември, Денот на независноста на нашава држава, делегација на Сојузот на борците, на локалната самоуорава предводена од градоначалникот Илија Јованоски, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежи цвеќиња и се поклонија пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто и на Могилата на непобедените каде се моштите на околу 650 загинати борци од НОБ.
Поздравувајќи ги присутните, Јованоски истакна дека 8 Септември е симбол на борбата на многу генерации за изградба напросперитетна, економски силна и стабилна македонска држава.
– Денес им оддаваме почит на сите борци и херои кои своите животи ги дадоа за независна македонска држава. Ние како граѓани, пред 28 години на овој ист ден, на референдум гласавме за независна, самостојна македонска држава која и понатаму треба да ја чуваме и да ја негуваме. Треба да ја градиме денешницата за да овозможиме подобра иднина за младите генерации. Тоа е наша должност, рече Јованоски.
На распишаниот референдум на 8 Септември 1991 година, од 1.495.626 граѓани со право на глас, на гласање излегле 1.132.981 граѓани или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 односно 95,09 отсто.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
