Пријавен за исчезнат жител од село Бајрамовци општина Центар Жупа
Жител на селото Бајрамовци, општина Центар Жупа се води за исчезнат откако неговото оддалечување од домот е пријавено во Одделението за внатрешни работи во Дебар.
-Вчера во 12:30 часот во ОВР Дебар, М.А.(69) од селото Бајрамовци-општина Центар Жупа, пријавил дека неговиот син И.А.(40) се оддалечил од домот и не се вратил. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Димоски исто така информираше дека на подрачјето на општните Дебар и Центар Жупа, кое со својата активност ги покрива дебарското ОВР, не се регистрирани лица кои ја прекршиле забраната за движење, односно на ограничувањето на движење од 22:00 до 5:00 часот.
Според него во последното деноноќие полициските службеници не констатирале прекршок за неносење лична заштита на лицето.
-Во измнатите 24 часа не се регистрани вакви прекршоци, но во изминатите денови од овој месец издадени се 45 прекршочни платни налози за неносење заштитна маска. Во последното деноноќие во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле се 28 контроли во угостителски и други објекти, додава Димоски.
Посочува дека вчера во периодот од 18:00 до 22:00 часот, полициските службеници санкционирале еден возач кој управувал патнички автомобил под дејство на алкохол. Истиот е исклучен од сообраќај и одземена му е возачката дозвола по што ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев