Пријава за сомнение за киднапирање на дете

Министерството за внатрешни работи во дополенета и исправена верзија на дневниот Билтен изнесува дополнителни информации за настанот со пријава за сомнение за киднапирање на дете вчера во парк во населбата Ѓорче Петров.
- Вчера околу 14 часот А.Б. (40) од Скопје пријавила во ПС Ѓорче Петров дека во паркот во Ѓорче Петров позади општината додека била со нејзините две деца, М.М (46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М со дететото на А.Б тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот. М.М е писмено предупредена и известен е јавен обвинител, информира МВР.
Ново на Сител
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
