Пријава за момче од Крушево, сакал да го спаси приведениот другар од полиција

Полицијата поднесе кривична пријава против М.А.(19) од село Јакреново, Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.
М.А. оттурнал полицаец и се обидел да го извлече од полициско возило својот другар кој полицијата го привела откако утврдила дека нема лична карта и возачка дозвола и управува нерегистрирано возило.
Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, на 28-ми минатиот месец, околу 23 часот во Македонски Брод, на улица „Маршал Тито“, во близина на објектот на поранешниот „Тутунски комбинат“, полициски службеници сопреле возило „БМВ“, управувано од Е.А. од село Дебреште. Откако констатирале дека возилото не било регистрирано, а возачот не поседувал соодветна возачка дозвола, ниту документ за лична идентификација, го привеле за утврдување на идентитетот, при што пријавениот, којшто бил сопатник во возилото, го оттурнал полицискиот службеник Д.Д., и се обидел да го извлече Е.А. од службеното возило, наведува МВР во редовниот Билтен.
Ново на Сител
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
-

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
