Пригоден поштенски жиг за Меѓународниот ден на жената по повод 30-годишниот јубилеј од Пекиншката декларација

По повод Меѓународниот ден на жената и 30-годишнината од Пекиншката декларација и Платформата за акција, UN Women во Северна Македонија, во соработка со Пошта на Северна Македонија, претстави специјален пригоден поштенски жиг. Овој симболичен гест ја истакнува посветеноста на земјата кон родовата еднаквост и континуираните заложби за обезбедување еднакви можности за жените и девојчињата.
Поштенскиот жиг, кој ќе се користи ексклузивно на 8 март, е дело на талентираната дизајнерка и феминистка Нита Хаџихамза Гаши. Дизајнот прикажува крената тупаница – симбол на решителност, издржливост и барање за женските права – заедно со бројот 30, кој означува три децении напредок и континуирана акција од усвојувањето на Пекиншката платформа за акција.
- Пекиншката декларација е темел за обликување на политики што ја унапредуваат родовата еднаквост во светот и во земјава, изјави Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.
Овој пригоден поштенски жиг, како што нагласува таа, е во чест на заложбите од одржувањето на 4-та светска конференција за жените во Пекинг до денес, и потсетник за постигнатиот напредок, но и предизвиците и потребата од сестран пристап и интервенции за надминување на бариерите, како и забрзување на напредокот кон родова еднаквост и јакнење на жените за да се остварат Целите за одржлив развој до 2030 година.

Како што се посочува во соопштението од UNWomen, иницијативата е посветена на сите жени и девојчиња, нагласувајќи ја колективната одговорност за почитување на нивните права и зајакнување на нивниот глас. Дизајнот на поштенскиот жиг визуелно ја пренесува силата на феминистичкото движење и важноста да се одржи моментумот за постигнување трансформативни промени.
- Овој поштенски жиг е вреден потсетник дека родовата еднаквост не е само женско прашање – тоа е колективна одговорност. Триесет години по Пекиншката декларација, мораме да продолжиме да ги надминуваме бариерите, да ги преобликуваме политиките и да обезбедиме секоја жена и девојче да имаат можност да напредуваат. Напредокот за жените е напредок за сите, истакна Димитар Димитровски, координатор за комуникации и знаење во UN Women Северна Македонија.
Со овој поштенски жиг им се оддава почит на оние што го трасираа патот, на оние што продолжуваат да се борат и на идните генерации што заслужуваат поправеден и поеднаков свет.
Додека светот го одбележува Меѓународниот ден на жената, оваа иницијатива поттикнува на размислување за достигнувањата во изминатите 30 години и повикува на обновена посветеност и акции за да се осигураме дека ниту една жена или девојче нема да бидат изоставени, наведуваат од UNWomen.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
