Прифатено обвинението за „Титаник 2“
Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Титаник 2" за изборни нерегуларности, потврдија за МИА од СЈО.
Во овој случај обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и актуелниот член Сашо Срцев.
Прифатен е и обвинителниот предлог за Сашо Мијаклов за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.
Судот не го прифатил обвинителниот акт против петмината судии од Управниот суд Билјана Никодиновска Петревска, Лидија Ивановска, Благородан Арангелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзули, кои исто така беа осомничени за изборни нерегуларности.
За ваквата одлука на судот, СЈО изутрината веќе поднел жалба.
Во случајот „Титаник 2“, како што претходно одлучи судот, докази ќе бидат и снимките од прислушуваните разговори.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип