Македонија
9. March 2017 - 8:50

Прием на нови професионални војници во АРМ

Во касарната Илинден – Скопје ќе се одржи свеченост по повод приемот на новите 90 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.

На свеченоста, пред новите професионални војници ќе се обрати министерот за одбрана, Зоран Јолевски, а ќе присуствува и заменик министерот за одбрана, Беким Максути и претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија.