Причината поради која се разведоа овие славни актери ќе ве изненади
Ѕвездата на серијата „Момчињата од Медисон“, Џон Хам на почетокот на септември ја прекина 18-годишната врска со колешката Џенифер Вестфелд, а двојката ги потврди овие гласините со кратка заедничка изјава.
- Со голема тага, одлучивме да се разделиме по 18 години љубов. Ние ќе продолжиме да бидеме во добри односи и да си помогнеме колку што можеме за да си ја олесниме разделбата, беше наведено во изјавата.
Но, во Холивуд ништо не може да се остане тајна, па така конечно е откриена и вистинската причина за нивната разделба по речиси две децении љубов.
Како што објави таблоидниот портал „Лајни Госип“, 44-годишниот Џон сакал деца, но неговата избраничка немала такви планови и тоа било проблем кој не можеле да го решат.
Иако Џон од тогаш не е виден во друштво со друга жена, таблидите се уверени дека нема да има проблеми да најде нова партнерка. Но, Џон засега не сака да зборува за тоа.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени