Приближно 70 отсто од Американците сметаат дека Трамп може САД ќе ги вовлече во меѓународен конфликт
Изјавите и однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп може земјата да ја вовлечат во меѓународен конфликт, сметаат 68 отсто од Американците, покажува истражувањето на јавното мнение на универзитетот „Џорџ Вашингтон“, цитирано од ТАСС.
Само 29 отсто од анкетираните не веруават во таквата можност.
Големи 63 отсто од анкетираните, исто така, сметаат дека земјата се движи во погрешен правец, а според 56 отсто Трамп е неефикасен на својата функција.
„Резултатите од истражувањето покажуваат дека Американците се понезадоволни од карактерот на Трамп отколку од неговата политика. Доколку во моментов има нешто за кое поделена Америка е блиска до консензус, тоа е дека Трамп зборува и се држи на начин кој не му прилега на неговата позиција“, изјави професор Мајкл Корнфилд од катедрата за политичко управување на универзитетот.
Истражувањето беше направено од 13 до 17 август, во него учествуваа 1.009 лица од цела земја, а кои биле регистрирани како гласачи на претседателските избори.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%