При воздушни напади на арапската коалицијаво Јемен загинаа 21 цивил
Најмалку 21 цивил загинаа денеска во северозападниот дел на Јемен, при воздушни напади на арапската коалиција, предводена на Саудиска Арабија.
Загинатите лица патувале со пикап возило кон локалниот пазар во регионот Хиран во северозападната провинција Хиџах, која ја контролираат шиитските бунтовнци Хути, кои ја имаат поддршката од Иран.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија од март 2015 година врши напади врз Хутите во Јемен, со цел да му меѓународно признатиот претседател Абд Рабу Мансур Хади, кој живее со егзил во Саудиска Арабија, да ја поврати власта во земјата.
Наспроти илјадниците воздушни напади, при кои беа погодени училишта, пазари, болници и домови и загинаа голем број цивили, владините сили не успеаја да ги потиснат Хутите од главниот град Сана.
Најмалку 100.000 лица загинаа во 20-месечниот конфликт, кој предизивика хуманитарна криза во една од најсиромашните арапски земји.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен