Свет
27. јуни 2017 - 16:30

При воздушен напад врз затвор на ИД во Сирија загинаа најмалку 57 лица

Најмалку 57 лица се убиени во воздушните напади на коалицијата предводена од САД, врз затвор на Исламска држава, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Директорот на невладината организација со седиште во Лондон, Реми Абдел Рахман изјави дека нападот е изведен утрово при што загинале 42 затвореници и 15 џихадисти.

Тој посочи дека во нападот е погоден затворот на ИД во Мајадини.