При уривање на зграда загинаа најмалку 21 лицe во Мумбај

Бројот на загинатите од уривањето на петкатница во Мумбај достигна 21 лицe, соопшти локалната полиција.
Се стравува дека најмалку 10 лица се затрупани под урнатините.
Во спасувачката акција, освен стручните сили за спасување, учествува и локалното население и полицијата, кои досега извлекоа над 30 лица, кои се веднаш хоспитализирани. Во операцијата се повредени и шестмина пожарникари.
Петкатницата се урна утрово во осум часот и 40 минути по локално време во населбата Бенди Базар, а во неа живееле осум или девет семејства. Зградата стара 117 години, се урна денеска, по дводневните поројни монсунски дождови, за кои се претпоставува дека се причина за несреќата.
- Слушнавме гласен тресок. Не можевме ништо да видиме од прашината и димот. Кога слегна прашината, сфативме дека зградата се урнала, изјави очевидец од околината.
Ова е втора зграда која во Мумбај се урива во последните 30 дена, откако кон крајот на јули се урна четирикатница, при што загинаа 17 лица.
Ново на Сител
-

Облачно со повремен дожд
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
