Македонија
12. July 2023 - 13:16

При судир на два автомобили во Куманово прегазена малолетничка

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на крстосницата од булеварот Трета македонска ударна бригада и улицата Перо Чичо во Куманово, помеѓу две патнички возила „фолксваген голф“, едното управувано од И.К.(24) од Скопје, а другото од С.Н.(32) од Куманово, и двете со кумановски регистарски ознаки, по што возилото управувано од И.К. удрило во малолетничка од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница Куманово.