При претрес во Ресенско пронајдена дрога, приведен дваесетгодишник | ФОТО
Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по претходно издадена наредба за претрес од Основен суд Битола, вчера извршиле претрес во камп-приколка и помошни простории лоцирани во село Сливница, каде привремено престојувал С.В. (20) од с. Долни Манастирец.
-При претресот пронајдени се кеси со марихуана, грутчеста материја, прашкаста материја, метална дробилка, како и други предмети со траги од марихуана. По преземени мерки од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, С.В. е пронајден и лишен од слобода во Битола и при извршен преглед врз него пронајдена е поголема количина марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека С.В. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?