Македонија
12. March 2025 - 10:30

При претрес во Гостивар пронајдена марихуана

На 12.03.2025 во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.М.(36) од Гостивар, соопшти МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.