При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари
– Полициски службеници утрово на граничниот премин Стар Дојран при преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки управувано од грчки државјанин, биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација.
– Денеска во 00:15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик. При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра