Преживеале хорор на „Илинденска“, моторџии пукаа во автомобил полн со луѓе

Вчера во 16,10 часот на бул.„Илинден“, поточно во непосредна близина на Зоолошка градина, додека Д.М.(1991) од Скопје, се возел со патничко „Форд Фокус“, со неговата сопруга Е.М., малолетното дете, братот А.М. и другарот К.М., застанал на семафорите, при што во еден момент покрај возилото поминал скутер на кој се возеле две лица, при што со рачките од скутерот му го оштетиле десниот ретровизор.
Откако, А.М рекол да застанат, лицето со скутерот продолжило да се движи и се паркирало на автобуската постојка. Д.М го запрел возилото на околу 5 метри пред скутерот и на ретровизорот забележал како едно од лицата го отворило седиштето на скутерот, но кога сакал да излезе од возилото тогаш Е.М. и А.М почнале да викаат дека лицата имаат пиштол.
Д.М. го стартувал возилото, но во еден момент се слушнал удар во пределот на задната шофершајбна која се распрскала на парчиња.
Д.М. успеал да избега на бул.„Партизански Одреди“, каде забележал полициско возило, по што го пријавил случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
