Според податоците на стручњаците секоја минута 30 луѓе доживуваат шлог.
Симптомите на шлогот се малаксанотс на лицето, неможност за смеење, слабост во едната рака или нога, отежнат говор, отупеност, а сето тоа вообичаено не е пропратено со никаква болка. Тешките облици на шлог имаат поинакви симптоми: вртоглавица, главоболка, матен вид, проблем со голтање, парализа, губење рамнотежа и збунетост.
Високиот крвен притисок и холестеролот можат да доведат до шлог, како и пушењето и недоволната физичка активност. Без оглед на симптомите, ако некој во вашата околина поминува низ вакво нешто веднаш побарајте помош.