Презентирана агендата на Културно лето

Разновидни културни проекти со финансиска и логистичка поддршка од Општина Гостивар ќе се презентираат во рамките на „Културно лето – Гостивар 2019“, кое и годинава се одржува под истото мото „Добредојдовте иселеници“, бидејќи се совпаѓа со престојот на нашите иселеници во родниот крај, информираше соработничкта за култура при Општина Гостивар, Имерлије Салиу.
-Во агендата се опфатени разновидни културни проекти, а важно е да се напомене дека во активностите се вклучени сите етнички групи кои живеат во нашата општина без исклучок, како и сите верски зедници. Годинава новост е The Park Festival, проект финансиран од Министерството за култура, од Општина Гостивар, како и со сопствени средства на Здружението Inbox Entertaiment, на кој публиката ќе може да ужива во наредните два викенда, и тоа: 26-ти, 27-ми и 28 јули и на 2-ри, 3-ти и 4 август, истакна Салиу на денешната прес-конференција.
Таа информираше дека друг настан е „Fly Hike and Bike“, проект поддржан од УСАИД, во рамки на кој граѓаните доброволоно ќе се приклучат на параглајдинг, велосипедизам и пешачење.
-Четири проекти се финансиски поддржани и организирани од општината, и тоа New Stars Are Coming” – мултиетнички проект за промовирање на нови уметници од нашиот град, потоа Концерт со Илахии. Ќе има и Стенд ап комедија со Хасим Мемиши Сопи, како и манифестација посветена на Илинден, рече Салиу.
Појасни дека дело од активностите се и проектот од Здружението „Заедно можеме“, насловен „Спортот не обединува“ во кој учесници ќе бидат лица со посебни потреби, како и научна конференција на тема „Етнокултурата во гостиварскиот крај“.
-Простор за соработка имаа сите здруженија и граѓани кои имаат желба и волја за соработка, рече Салиу и ги повика граѓаните на Гостивар да станат дел од агендата, а на иселениците им посака пријатен престој во родниот крај.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
