Презентиран урбанистичкиот план за изградба на „Топлец“
Општина Дојран денеска го презентираше урбанистичкиот план за изградба на мала хидроелектрична централа „Топлец“ која ќе се гради на постоечкиот цевковод за надополнување со вода на Дојранското Езеро.
Од урбанистичкото одделение на општина Дојран појаснуваат дека со изградбата на овој ситем, освен што ќе се обезбеди потребното количество вода за полнење на езерото, ќе можат да се покријат и потребите за водоснабдување на населените места Богданци, Стар и Нов Дојран.
Малата хидроелектрична централа „Топлец“ велат од општината, претставува реализација на целите зацртани со Просторниот план на државата за рационално, целосно и повеќекратно искористување на водните ресурси. На површинскиот опфат на проектот предвидено е да се градат и објекти со комерцијална и деловна намена.
Урбанистичката документација ќе биде изложена во просториите на локалната самоуправа од каде што сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да подигнат анкетни листови преку кои ќе ги изразат своите мислења, предлози и забелешки.
Ново на Сител
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот