Презентиран проектот „ЛАГ – од локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните заедници“
Во рамките на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска во Штип беа презентирани четири инцијативи за формирање на Локални акциски групи (ЛАГ-ови) создадени во согласност со ЕУ ЛЕАДЕР пристапот. Проектот е насловен „ЛАГ – од локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните заедници“.
Како резултат на активностите за градење на капацитетите, овие ЛАГ-ови, како јавни-приватни партнерства подготвија четири Стратегии за локален развој, инкорпорирајќи активности за подобрување на вклученоста на сите чинители во процесот на донесување одлуки за прашања од важност за нивните рурални заедници. Овие иницијативи опфаќаат 17 општини во Источниот и Југоисточниот плански регион.
Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн, нагласи дека методите што се користат за да се заштитат заедниците мора да се фокусираат на соработка, интеграција, иновација и партнерства.
- Мора да употребуваме пристап „од долу – нагоре“ каде локалните актери ја креираат стратегијата и избираат акции, бидејќи тие се оние кои се најблиску до проблемот и оттука до решението. ЛАГ-овите се фундаментални за успех во локалниот рурален развој. Токму овој пристап „од долу – нагоре“ ги обединува локалните актери во заедничко идентификување на приоритети и проекти со кои ќе ги постигнат резултатите посакувани во нивните региони. ЛАГ-овите го водат локалниот развој и се во првите редови за спроведување на програмата за локален развој. Горд сум што проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени вклучува сеопфатни и иновативни пристапи како ЛЕАДЕР и воспоставување на ЛАГ-ови за да адресира значајно прашање како што се климатските промени, вели Стајн.
Во рамките на активностите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој во Македонија спроведе процес за градење на капацитетите во 17 општини во Источниот и Југоисточниот плански регион, којшто резултираше со создавање на четири иницијативи за ЛАГ: ЛАГ Бојмија (територијата на Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран); ЛАГ Плачковица (територијата на Штип, Карбинци, Конче и Радовиш); ЛАГ Брегалница (територијата на Пробиштип, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево) и ЛАГ Малеш-Пијанец ( територијата на Берово, Пехчево и Делчево).
Ново на Сител
-
Големо враќање на светската политичка сцена - Трамп пристигна во Париз
-
Речиси 400.000 Ирци останаа без струја поради бурата Дара
-
Гвардиола: Ако Мурињо беше навреден од моите зборови, се извинувам, но тоа беше само шега
-
Планинската спасителна служба Охрид: Внимателно на планините викендов
-
Јужнокорејскиот претседател рече дека жали што предизвикал загриженост и непријатност со прогласувањето воена состојба
-
Над 250 албански интелектуалци во Северна Македонија со отворено писмо до Уставниот суд
-
Одложено градското дерби Евертон – Ливерпул
-
Фонсека ги обвини судиите за поразот од Аталанта