Свет
22. May 2022 - 16:31

Презентерките во Авганистан ги покрија лицата

– Водителките на главните авганистански телевизии денеска се појавија на екраните со бурка што ги покрива нивните лица, еден ден откако се спротивставија на наредбата на талибанците да го сторат тоа.

Откако се вратија на власт минатата година, талибанците повторно воведоа серија ограничувања за граѓанското општество, од кои многу се ограничувања на правата на жените.

На почетокот на мај највисокиот лидер на талибанците издаде наредба со која се бара од жените во јавноста да мора да бидат целосно покриени, што го вклучува и лицето, а за тоа идеална е традиционалната бурка.