Презентација на проектот „Чисти и здрави“
Во градинката „Фидани“ во Општина Чаир денеска ќе бидат презентирани активности од проектот „Чисти и здрави“.
Се работи за проект поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во нашата држава, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Проектот го имплементира Здружението за регионален развој „Балкан економик форум“.
Реализацијата на проектот почнува токму од Општина Чаир бидејќи од целиот комунален отпад што се собира во сите скопски општини, 14 отсто е отпад што го созадава Општина Чаир, најгусто населената општина, според податоците на Град Скопје и Државниот завод за статистика.
– За рециклирање, селектирање, хигиена и грижа кон природата и ѓубрето ќе учиме уште во градинка преку иновативен, забавен пристап, односно преку сликовници, мобилна апликација и анимација. Сето тоа прилагодено и за инклузивните групи на граѓани, најави организаторот.
На промоцијата најавени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот