Превозот на патници со задолжително растојание од два метри и 50 проценти од вкупниот број на седишта
Министерството за транспорт и врски во континуитет презема мерки и активности за одвивање на превозот на стока и патници во внатрешниот сообраќај, како и транспорт на стока во меѓународниот сообраќај во услови на вонредната состојба.
Заради заштита на јавното здравје на граѓаните, а како резултат на преземање на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија на последната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.
– Со оваа Уредба со законска сила, прецизно се уредува начинот на превоз на патници во внатрешниот сообраќај во услови на траење на вонредната состојба и истата гласи: При вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50 проценти патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачоот, се појаснува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Претходно, оваа мерка беше во вид на препорака за сите кои вршат превоз на патници.
Во наредниот период, се до траење на вонредната состојба, се подвлекува, Уредбата за организација на начинот на превозот има сила на Закон и сите кои вршат превоз на патници мора да го организираат превозот на начин кој е пропишан во споменатата Уредба.
– Потенцираме дека носењето на оваа Уредба има за цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се влијае на спречување на ширење на коронавирусот. Министерството за транспорт и врски и другите надлежни институции се во постојана комуникација и координација со транспортните здруженија и навремено се преземаат мерки и препораки за да се обезбеди непречено фукционирање на транспортот на стока и превозот на патници, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп