Превентивни мерки во Ѓорче Петров за лето без пожари
Во рамките на проектот за превенција од имотни деликти и проектот „Лето без пожари”, ќе се преземат превентивни мерки и ќе се организираат средби на претставници на Месните и Урбаните заедници со граѓаните, за да се намалат кривичните дела и да се зголеми безбедноста на граѓаните на Општина Ѓорче Петров.
Ова денеска било договорено на средбата на градоначалникот Сокол Митровски со претставници од МВР, директорите на основните училишта и претставници на Месните заедници. Во рамките на овие активности, полициските служби заедно со претставници од Општината ќе имаат и средби со граѓаните од Општина Ѓорче Петров.
За превентива и избегнување на несакани последици од пожари и од кражби, ќе има дваесет и четиричасовно присуство на вработени во училиштата и градинките, службите за безбедност, како и полициски патроли.
Со цел да се намали нарушувањето на јавниот ред и мир во доцните часови во летниот период, ќе се организираат патроли составени од граѓани и од претставници на полицијата со цел и самите граѓани да се вклучат во оваа акција.
Исто така ќе се обнови и Акцијата за отстранување на хаварисани возила со цел да се зголеми еколошката свест кај граѓаните и да се придонесе за повисоко ниво на урбаното живеење во општината.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје