Превентивни контроли на аеродромите во Грција за коронависрусот

Здравствените власти на земјата се во целосна оперативна подготвеност за да се спречат и, доколку е потребно, да се справат со можни појави на коронавирусот, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас во однос на мерките што Грција ги презема за заштита од коронавирусот. Тој додаде дека покрај превентивните контроли на влезните точки во земјата, „со одлука на министерот за здравство, веќе се одредени, на целата територија, препорачани болници за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спроведуваат контроли и на бегалските и мигрантските бранови на грчките острови, Пецас рече дека тоа е сложено прашање, а тие како Влада прават сè што можат за да се ограничи прилвот на луѓе, без разлика дали евентуално се носители на вирусот или не.
-Се преземаат сите неопходни мерки. Ако ме прашувате за прашања поврзани со мигрантските – бегалските бранови, во тој дел прашањето е многу покомплицирано, како што сите можат да разберат. Ние правиме сè што можеме и сè што е во наши раце, на легалните влезни места да го контролираме евентуалното влегување на лица носители на вирусот. А во останатите делови да се ограничи секаков прилив на луѓе, а не само оние кои се носители на некој вирус, објасни портпаролот на грчката влада.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
