Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден беа реализирани превентивни активности во рамки на Секторите за внатрешни работи Велес, Штип и Битола, при што акцентот на реализираните превентивни содржини беше сообраќајната безбедност, соопшти МВР.
На регионалниот пат Неготино-Кавадарци беше реализирана превентивната активност под мотото „Биди подготвен за патување во зима“, додека пак во Пехчево во соработка со комуналните служби од општина Пехчево полициски службеници ја реализираа превентивната активност под мотото - „Паркирај совесно и одговорно“. На подрачјето, пак, на СВР Битола односно во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод на возачите им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на зимска опрема, заштитните појаси, прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот и секако околу опасностите од возење под дејство на алкохол. Во текот на сите овие активности на возачите им беа делени соодветни едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Инаку вчера, во Битола полициски службеници реализираа средби со граѓаните во централното градско подрачје како и со бизнис заедницата каде што на граѓаните и сопствениците на колонијални продавници, бутици, трафики им беа поделени совети и препораки за заштита од имотни деликти.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
