Преведен романот „Сочувство“ - добитник на Европската награда за литература

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Сочувство“ од португалската писателка Дулсе Марија Кардозо, добитник на Европската награда за литература во 2009 година. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Преводот од португалски на македонски е на Ненад Трповски.
Романот раскажува за жена која доживеала автомобилска несреќа, по која во главата и е сиот живот што го водела дотогаш и што ја довел дотаму.
- Ослободена од товарот на своето постоење, конечно е во состојба да ги види животот и луѓето со кои била опкружена во вистинско светло..., Потресните епизоди од животот на Виолета, соништата, фантазијата, мислите и чувствата, се прекршени низ призмата на нејзиниот ум и раскажани со брилијантен стил што се граничи со врвна поезија во најдобрата традиција на португалската книжевност. Според критиката, овој роман „се чита како една долга песна“, наведува издавачот.
Дулсе Марија Кардозо (1964) го поминала детството во Ангола. Студирала право и работела како адвокатка, пред да се посвети на писателската професија. Израснала во една од најоригиналните уметнички појави на новата генерација португалски писатели, мајсторка на оригиналната проза и на нестандардното раскажување. Добитничка е на наградата на португалскиот ПЕН-клуб.
Ново на Сител
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
