Претставници на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со американскиот сенатор Крис Марфи
Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели на работни тела и членови на истите остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија.
Пратениците на ВМРО - ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање.
Беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството.
Беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните.
Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите американски држави во однос на локалните и глобалните предизвици.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
