Претставници на синдикатите за здравство на средба со министерот Меџити
Претставници на синдикатите за здравство утрово се на состанок кај министерот за здравство на која, според нивните информации, ќе се разговара за анексот на колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите за исплата на плати.
– Од Кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити синоќа нѐ повикаа на средба денеска во девет часот за да разговараме за текстот на анексот. Ќе видиме дали ќе се потпишува, изјави утрово за МИА, претседателот на Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски, кој заедно со потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски, ќе присуствува на средбата.
Станува збор, посочува Каранфиловски, за непотпишаниот анекс на колективниот договор. – Шест месеци го бараме ова и постојано се одлага, нагласи Каранфиловски за МИА.
Советот на Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита за денеска најави протест пред Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ