Македонија
21. March 2019 - 17:31

Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во посета на АВМУ

Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од Корин Јонкер, шеф на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на претстојните претседателски избори, денеска беше во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Претставниците на Агенцијата информирале за текот, опфатот и наодите од мониторингот на известувањето на радиодифузерите во период од 9 февруари до 6 март годинава.  На средбата  се разговарало за последните измени на Изборниот законик, со акцент на примената на одредбите поврзани со платеното политичко рекламирање, соопшти АВМУ.

Тие прашања, како и правилата за изборно медиумско претставување се предмет на првиот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелно медиумско претставување најавен за 27 месецов.