-->
-->
Претставници на АЛМА во посета на Општина Велес
-->
Со цел воспоставување билатерална соработка меѓу Вардарскиот плански регион и регионот Алзас – Франција во областа на винарството и размената на добри пракси во рамки на проектот „Европски вински патишта“, во посета на Вардарскиот плански регион и Општина Велес се претседателот на Француската асоцијација АЛМА Жак Шлеф и Кристијан Рин, член АЛМА.
Како што информира денеска на прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев, ќе се утврдуваат конкретни активности за билатерална размена во 2017 година, согласно Меморандумот за соработка до 2020 година што го потпишаа двете страни во април 2015 година како дел од проектот „Европски вински патишта“ инцициран на крајот на 2014 година.
- Како претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион задоволство ми е што првата регионална билатерална соработка меѓу Македонија и Алзас на тема „Вински патишта“ ја почнавме токму во Вардарскиот плански регион како македонски пат на виното и што имавме можност првпат да размениме искуства, знаења и да реализираме заеднички активности со Алзас каде винскиот пат секоја година привлекува милиони туристи. Се надевам дека оваа успешна соработка ќе биде поттик за бизнис секторот, за винариите, за промоција на македонското вино во Алзас, а нашите активности ќе станат пример за институционална поддршка на бизнис секторот во Македонија, потенцира Чадиев.
Претставниците од Алзас вчера посетија винарии во Неготино, а денеска и утре се во посета на визби во Кавадарци, Градско и Демир Капија.
Чадиев потсети дека пролетва во Вардарскиот плански регион ќе биде презентиран регионот Алзас, а ќе бидат разменети и знаења, вештини и искуства меѓу професионалците во областа на винопроизводството од Франција и Македонија. Воедно во ноември, Вардарскиот плански регион со своите вина ќе биде претставен на големиот саем за туризам во Колмар во Алзас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО