Свет
3. November 2023 - 8:19

Претставничкиот дом на САД изгласа помош од 14,3 милијарди долари за Израел

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закон за испраќање итна помош за Израел во вредност од 14,3 милијарди долари.

За усвојување на законот гласаа 226 конгресмени, а против 196, пренесе порталот „Хил“.

Водачот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, го нарече законот „длабоко погрешен“ и додаде дека Сенатот нема да го прифати.

Демократите се противат на усвојувањето на законот бидејќи тој не вклучува помош за Украина и ќе доведе до намалување на буџетот за Даночната управа на САД.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно се закани дека ќе стави вето на законот, тврдејќи дека е „лош за Израел, за регионот на Блискиот Исток и за националната безбедност на САД“.