Претставата „Тигарот“ премиерно во Виница

Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница премиерно ја изведе претставата „Тигарот“ во режија на Саша Нацевски. Текстот е на американскиот автор Мари Шизгал, а во главните улоги играа Маријана Николова и Дамјан Павлов.
- Во претставата настојувавме да ги прикажеме случувањата во моментот кога сите граници на толеранцијата ќе се надминат, кога револтот кон општеството, кон себе, ќе го достигне највисокото ниво. Тогаш човекот се претвора во животно, подготвен е на се, изјави по пртетставата режисерот Нацевски.
Според директорот на Домот на културата од Виница Славко Данев, оваа претстава е трета соработка на Домот со режисерот Нацевски. Претставата е дел од програмската политика Домот на културата да соработува со професионалци со цел долгорочен и одржлив развој на театарската уметност и писменост кај младите од општина Виница.
Птретставата „Тигарот“ наредните денови ќе доживее уште неколку репризи во Виница, а според планот ќе гостува и во неколку театарски центри во Македонија.
Ново на Сител
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
