Претставата „Неверство“ во МОБ
Драмската претстава „Неверство“ в понеделник ќе биде изведена на малата сцена на Македонската опера и балет. Режисер е Влатко Павлески, а продукцијата е на „Прима Данца“.
Во претставата играат Предраг Павловски, Катарина Илиевска Силјановска, Самоил Стојановски, Илија Карадакоски, Симона Веселиновска и Слободан Трајковски.
Преку изведбата на актерите и танчерите се пренесени ситуациите и емоциите кои ги плете магичниот триаголник во кој се наоѓаат и од кој никој нема корист. Пораката е дека среќата била составен дел од нивните животи во моментите само кога си биле верни на себе.
„Неверство“ претставува практичен дел од магистерскиот труд на Павлески на модулот „Театарска режија“ на Факултет за драмски уметности – Скопје, под менторство на проф. д-р Слободан Унковски.
Билети може да се набават во просториите на „Прима Данца“, како и на касата на МОБ.
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени