Претставата „Монтеки и Капулети“ вечер на „Битола Шекспир фесивал“
По синоќешната светска премиера на претставата „Јулие Цезар“ што ја изведоа актерите на американската театарска компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара-Калифорнија, најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“ продолжува со настап на Куклен театар од Бјалисток, Полска.
Според програмата, вечер ќе биде изведена претставата „Монтеки и Капулети“ инспирирана од делото „Ромео и Јулија“, а во режија на Руслан Кудашов.
- Очекувам публиката да ужива во нашата претстава бидејќи во претставата се користат многу малку зборови, имиња и знаци, но затоа пак се повеќе се отстапува простор на гестикулациите, емоциите, чувствата кои всушност се главните ликови во претставата. Љубов, омраза, носталгија – тоа се чувствата кои ги поседуваат и со кои се борат главните ликови, исто како и ние, истакна режисерот Кудашов во пресрет на вечерашното гостување на театарската сцена во Битола.
„Битола Шекспир фестивал“ се одржува четири година, а годинава е посветен на 400-годишнината од смртта на Вилијам Шекспир.
Ново на Сител
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала