Претстава, концерт и филм на „Скопско лето“

Во рамки на „Скопско лето“ вечер во Театар „Комедија“ ќе настапи Албански театар-Скопје со претставата „Под масата“ на Роланд Топор во режија на Билге Емин.
Во претставата доминира црн хумор - главниот лик, преведувачката Флоренс Мишалон, поради материјални тешкотии е принудена просторот под својата маса да го изнајми. Меѓу неа и кираџијата Драгомир се раѓа срдечна, недообјаснива љубов....
Во актерската екипа се: Мирлинда Саит, Фисник Зеќири, Илбер Муртези, Зарије Јонузи и Хамди Рашити. Сценограф е Нурула Тунџер, костимограф Марија Пупучевска, композитор Кокан Димушевски, кореограф Кренаре Невзати-Кери.
Во Музеј на Град Скопје, пак, е концертот на дуото виолини Фросина Богдановска и Жана Ли од Казахстан, и пијанистката Марија Ѓошевска. Тие ќе изведат композиции од Изаи и Прокофјев.
Во Сули ан (Факултет за ликовни уметности) каде што „Скопско лето“ ја организира програмата „Кафе кино“, ќе биде прикажан филмот „Продолжи да се смееш“ од 2012 година - копродукција меѓу Грузија, Франција и Луксембург, во режија на Русудан Чкониа.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
