Претседателството на ДУИ ги дефинира приоритетите за следните две децении
Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека е успешен и ветувачки текот на преговорите со Грција и ги охрабрува властите храбро да пристапат кон затворање на долгогодишниот спор.
На состанок во петокот, Претседателството на ДУИ, освен за проблемот со името, дискутирало и за односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот на Европската комисија за напредокот на државата, преговорите со Европската унија, проширувањето на парламентарното мнозинство, како и за јазичната еднаквост.
- Претседателството го констатираше успешниот и ветувачки тек на преговорите за надминување на последната пречка за целосна евроатлантска интеграција и ги охрабри властите храбро да пристапат кон затворање на долгогодишниот спор со Грција, соопшти денеска партијата.
Првите луѓе во власта од ДУИ поднеле детални извештаи пред Претседателството на партијата врз основа на кои се донесени програмски заклучоци за имплементација: за поквалитетно образование, здравство, култура, фер адекватна и квалитетна застапеност, зголемена децентрализација, локална политика, економски развој и социјална добросостојба, животна средина, инфраструктура,...
- Членовите на Претседателството го разгледаа и напредокот во спроведувањето на програмата за секој дел од власта посебно и дадоа конкретни упатства за продолжување на работата во духот на исполнување на изборните ветувања и адресирање на очекувањата на граѓаните, наведува ДУИ.
Претседателството донело заклучоци за континуитетот на спроведувањето на програмата од страна на извршната власт и ги разгледало извештаите на локалните власти и програмските приоритети за општините во насока да изгради стратешка, ориентирачка и кадровска политика за наредните две децении.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети за идниот месец најавил состанок на Централниот совет како највисоко тело меѓу два конгреса.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано
-
Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција
-
Српското Независно здружение на новинари побара локалните медиуми да ги избришат фотографиите и снимките од погребот во Кочани