Македонија
26. April 2019 - 16:07

Претседателските кандидати од партиските трибини се префрлија во црковните дворови

Трката за глас повеќе на 5 мај претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ја водат и на Велипеток. На двајцата кандидати прва активност во денешната предизборна агенда им беше посета на православен храм. Кандидатот на власта заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица, скопско. Кандидатката на опозцијата пак, го посети соброрниот храм света Богородица во центарот на Гостивар.

Со свеќа и молитва, и Силјановска Давкова и Пендаровски го искористија моментот да испратат порака за помирување и благосостојба, но и да посочат дека нивниот табор е вистинскиот избор за 5 мај.

 Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род. Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота. Јас во моментов се чуствувам како да го носам најтешкиот крст. По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на парвото. Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото!, напиша Силјановска на Фејсбук.

:Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации, порачал Пендаровски од храмот.

И Пендаровски и Силјановска продлжуваат и со вообиачените средби со граѓани и трибини. Силјановска посетата во Гостивар ќе ја искористи да се види и со Гостиварчани, но и со претставници на труската етничка заедница. Потоа е планирано да продолжи во Тетово и во Куманово. Пендарвски пак, ќе има средби со граѓаните во центарот на Скопје, а ќе оди и во  родниот крај Галичник.