Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка

Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.
Во членот 69-а од Изборниот законик е наведено и дека за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми, а во ставот 2 стои дека кампањата започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите (молк).
Подносител на листа, односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од овој член, а Државната изборна комисија (ДИК) е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата.
ДИК во четвртокот на седница ги потврди кандидатурите за претседател на Република Северна Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.
Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
